Конкурс за вработување проектен/-на координатор/-ка во Институт за Лидерство и Јавни Политики

03-November-2021

Институт за Лидерство и Јавни Политики објавува конкурс за вработување проектен/-на координатор/-ка.

Опис на работната позиција:Вработеното лице ќе биде одговорно за целосното програмско и административно спроведување на активностите од проектот, вклучително и уредување, развој на содржини и комуникација со внатрешните и надворешни стејкхолдери на проектите. Ќе организира со потполна одговорност проектни активности , настани и ќе се грижи да се задржи балансот меѓу обврските пред субјектите за известување (спремање извештаи) и обврските поврзани со директна имплементација на проектните активности.

Кандидат(к)ите треба да имаат:
·         Завршено високо образование
·         2-3 години работно искуство во граѓански сектор и во раководење проекти
·         Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик, а познавање и на албанскиот јазик е предност
·         Изградени вештини за логистика и за спроведување административни задачи
·         Солидно познавање на политиките и програмите од областа на младински политики и политики на застапување на жените
·         Основни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација преку нови и традиционални медиуми
·         Изградени способности за тимска работа и за комуникација
·         Познавања на работа со информатичка технологија
Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
·         Искуство во подготовка и спроведување активности и проекти од областа на младите и жените
Најдоцна до 19 ноември 2021 година , до 12.00 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
1.       Кратка биографија на англиски јазик
2.       Писмо за мотивација на англиски јазик

Работниот ангажман се однесува на период од најмалку 12 месеци, со можности за продолжување, со полно работно време од 40 работни часа неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.
Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проектен/–на координатор/–ка можете да ги доставите на следната електронска адреса: ilpp.infodesk@gmail.com 

Learn more about us

With just one click you can learn more about us!