Пракси за интегрирање на родовата димензија во локалните политики и буџет

18-July-2022

Нови практики на ИЛЈП

ЗЕЛС секогаш споделува добри пракси кои се од интерес на општината со кои конкретно се потврдува соработката меѓу невладиниот сектор и локалната самоуправа во насока на интегрирање на родовата еднаквост во локалните политики и буџет.

Нова иновативна пракса во работата на Комисиите за еднакви можности помеѓу мажите и жените воведуваат од Институтот за лидерство и јавни политики од Тетово. Оваа граѓанска организација покажа иницијативност за вклучување на  делегиран член од организацијата во Комисиите за еднакви можности на мажите и жените во општините од полошкиот регион

Во текот на изминатиот период, нашиот Институт потпиша шест Меморандуми за соработка со шест општини од полошкиот регион, и тоа: Боговиње, Брвеница, Гостивар, Теарце, Тетово и Желино. Преку овие потпишани меморандуми се манифестира соработката помеѓу Институтот и секоја од наведените општини. Како резултат на оваа соработка, можеме да истакнеме дека Институтот има свој делегиран член во пет општини со целосно право на глас. Со тоа, се покажува дека општините направија сериозен чекор во однос на соработувањето со нас, но исто така и во препознавањето на Институтот како значаен фактор што дополнително може да го поттикне исполнувањето на агендата за еднакви можности на мажите и жените во полошкиот регион“, велат од ИЛЈП од Тетово...

ЗЕЛС секогаш споделува добри пракси кои се од интерес на општината со кои конкретно се потврдува соработката меѓу невладиниот сектор и локалната самоуправа во насока на интегрирање на родовата еднаквост во локалните политики и буџет.

Прочитајте тука: https://zels.org.mk/newsd/3106

Learn more about us

With just one click you can learn more about us!