Publications

04-March-2022

Учество на жената во политика во Полошкиот регион, Северна Македонија - Истражување за факторите на влијание

Во Република Северна Македонија еден од главните предизвици за родова рамноправност е постигнувањето на родов паритет во политичките и општествените процеси во заедницата. Треба да се истакне дека правната рамка ги гарантира истите права за мажите и жените, но влијанието на општествените норми, обичаите, традицијата, економските услови и институционалните бариери се сериозна пречка за зајакнувањето и унапредувањето на положбата на жената во оваа сфера. Ова истражување е спроведено во Полошкиот регион и се опфатени 498 (44 % мажи и 56% жени) анкетирани лица. Која е перцепцијата на граѓаните за вклучување на жените во политичкиот живот? Дали  жените се доволно вклучени во политичкиот живот во Република Северна Македонија? Ова се само неколку од прашањата кои ги поставува ова изтражување.

Learn more about us

With just one click you can learn more about us!